More

    Кучето на претседателката на Молдавија го касна претседателот на Австрија

    spot_img

    Необичен инцидент се случил во Кишињев за време на посетата на австрискиот претседател Александар Ван дер Белен. Кучето на претседателката на Молдавија, Маја Санду, Кодрут, го каснало виенскиот лидер за рака кога се обидел да го погали. Инцидентот се случил додека двајцата лидери се шетале во градината на претседателската резиденција, кога Ван дер Белен сакал да го погали кучето по име Кодрут.

    По инцидентот, Санду се извини на англиски јазик и објасни дека кучето се исплашило поради големиот број луѓе.

     

    „Кучето на молдавската претседателка Маја Санду го касна прстот на австрискиот претседател Александар Ван дер Белен, кој пристигна во Кишињев“ – се наведува во описот на видеото.

    Ван дер Белен на следниот состанок се појави со завој на раката.

    Неодамна имаше инцидент и со кучето на американскиот претседател Џо Бајден кое беше острането од Белата Куќа откако во неколку наврати нападнало луѓе од обезбедувањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img