More

    Кучето Меси му „аплаудираше“ на еден од победниците

    spot_img

    Кучето Меси беше најслаткиот гостин на синоќешното доделување на Оскарите, а во текот на пристигнувањето во театарот Долби бил третиран како вистинска филмска ѕвезда.

    Седумгодишниот Борде Коли кој се појавува во филмот „Анатомија на падот“, пристигнал на церемонијата со елегантна панделка и седел на почесно место во предниот дел, покрај најголемите ѕвезди на вечерта.

    Камерата на доделувањето на Оскарите се сврте кон Меси кога водителот Џими Кимел го „прозва“ во својот воведен монолог.

    Подоцна во текот на доделувањето, Меси постигна уште еден вирален момент кога беше фатен како му „аплаудира“ на победникот Роберт Дауни помладиот, кој ја освои наградата за најдобра споредна машка улога. Меѓутоа, се чини дека снимката била однапред снимена со помош на лажни шепи.

    Неговиот тренер Лаура Мартин претходно изјави за „IndieWire“ дека Меси морал да тренира два месеци за да ја заврши сцената во која неговиот лик Снуп се превртува откако е отруен.

    „Анатомија на падот“ имаше 5 номинации за Оскар, вклучително и за најдобар филм, а Џастин Триет и Артур Харари ја добија статуетката за најдобро оригинално сценарио.

    ФОТО: Икс/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img