Кубанската влада откри синџир на трговија со луѓе

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Куба откри синџир на трговија со луѓе во кој нејзини граѓани се принудувани да се борат за Русија во војната во Украина, соопшти денеска кубанското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека властите во Хавана работат на „неутрализирање и разбивање“ на мрежата.

Во соопштението на кубанското Министерство се наведуваат само неколку детали, но се нагласува дека синџирот на трговија со луѓе функционира и во рамките на таа карипска островска држава, илјадници километри оддалечена од Москва, но и во рамките на Русија.

„Министерството за внатрешни работи работи на неутрализирање и разбивање на мрежата за трговија со луѓе што оперира од Русија за да вклучи кубански граѓани кои живеат таму, па дури и некои од Куба, во воените сили кои учествуваат во воените операции во Украина“, се вели во соопштението на кубанската влада.

Share This Article