Куба се соочува со сериозен недостиг на гориво

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Куба, Мигел Диаз-Канел денеска изјави дека земјата се соочува со недостиг на горива поради непочитување на договорените обврски од државите кои требаа да испорачаат бензин.

Тој додаде дека за непочитување на договорите „виновна е сложената енергетска ситуација (во светот)“.

Диаз-Канел наведе дека Куба располага со помалку од 400 тони бензин на дневна основа, а за нормално функционирање потребни се од 500 до 600 тони дневно.

Сè уште немаме јасна претстава за тоа како ќе ја надминеме оваа ситуација, посочи Диаз-Канел.

Граѓаните со часови чекаат да наполнат бензин, а од недостигот на гориво погодени се и таксистите, туристите и јавните превозници.

Share This Article