Ксенија Собчак е негова гласна критичарка и кандидатка за претседателка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ксенија Собчак, русокосата соперничка на Владимир Путин, која во 2018 година го предизвика на претседателските избори и силно го критикува на Телеграм, утринава се соочи со полициси претрес во својот дом. Властите рекоа дека наводно таа била поврзана со кривично дело против нејзиниот шеф, трговскиот директор Кирил Суханов, пишува Њузвик. Ксенија во моментов работи како новинарка.

„Домот на Собчак се претресува во случај на изнуда, во кој нејзиниот трговски директор Кирил Суханов беше приведен. Самата Собчак нема процедурален статус“, ги цитира Тасс агенциите за спроведување на законот.

Потрагата доаѓа само ден откако Суханов беше приведен и одведен во Главниот истражен оддел на Главната управа на Министерството за внатрешни работи за Москва.

Властите сè уште не откриваат детали за случајот. Собчак на нејзиниот канал Телеграм во вторникот рече дека Суханов не бил во контакт со неа од утрото.

 

Ксенија Собчак (40) основаше популарен канал Телеграм кој редовно споделува објави кои се критични за напорите за мобилизација на рускиот претседател Владимир Путин.

Ксенија е втора ќерка на првиот избран градоначалник на Санкт Петербург, Анатолиј Собчак и Људмила Нарусова, руска политичарка. На 36 години таа беше најмлада кандидатка за претседателка во Русија.

Претходно, на 3 октомври, полицијата ја обвини Собчак за ширење невистини за владините агенции и испрати докази до Рускиот истражен комитет за покренување на кривично дело, изјави претставник на агенциите за спроведување на законот за ТАСС.

Претставникот изјавил дека невистините се однесуваат на владиното финансирање на културни фестивали.

- Advertisement -
Ad image

Полицијата претходно започна истрага за клевета против филмскиот режисер Виталиј Мански, кој во интервју за Собчак на Јутјуб изјави дека наводно „најмалку 85 отсто од буџетот се украдени“ на Меѓународниот филмски фестивал во Москва. Собчак беше испрашуван како сведок во случајот.

Share This Article