Крузер со 82 патници се запали на грчкиот остров Родос, во близина на местото Стењон, но сите патници се евакуирани и се вратени во своите хотели, јавува rodaki.gr.
Итната помош е ставена во состојба на готовност, деветгодишно девојче е пренесено во болница со полесни изгореници, како и 50-годишна жена, која исто така се здобила со полесни повреди.
Oфицијални лица од Капетанијата на пристаништата на Родос, екипа на Противпожарната служба како и рибарски чамци се упатиле кон областа за да помогнат во евакуирањето на патниците и гаснењето на пожарот, јави news.gr.