Холивудскиот актер Том Круз на своите пријатели секој Божиќ им го испраќа истиот подарок – колач направен од бело чоколадо и кокос. Ова го открија многу пријатели и колеги на Том кои со години го добиваат истиот подарок. Минатата година тиктокерката Дејна Шварц, чиј сопруг работеше со Круз, покажа како изгледа колачот кој воедно е наречен – „Том Круз колач“.
„Секоја година, Том Круз на стотици луѓе им праќа ист празничен подарок“, објасни таа. „Тој секогаш испраќа бел чоколаден колач од кокос“, откри таа. Нејзиниот сопруг со години работел како сценарист на бројни проекти со Круз и така завршил на листата. „Овој колач е толку добар што се омажив за Иан главно поради него“, се пошегувала тиктокерката.
Овој интересен обичај актерот го практикува веќе долги години, а рецептот за тортата и нејзиното доставување станаа вистинска празнична традиција меѓу неговите пријатели.
Актерката Коби Смолдерс која е позната по улогата на Робин во популарната хумористична серија „How I Met Your Mother“ гостуваше кај Џими Фалон и откри дека секоја година го добива овој специјален колач од Том.
„Станува збор за колач од бело чоколадо и кокос и морам да признаам дека е вкусен. Го чувам во фрижидер и трае до март бидејќи често земам мало парченце. Инаку не сакам благо, но ова е супер“, изјави актерката.
Инаку корисничката на Тикток, Дана, која е во брак со сценарист кој со години работел со Том на различни проекти, па поради тоа и нејзиниот сопруг е на списокот на пријатели на кои Круз и го испраќа овој сладок подарок, сподели снимка од тортата.
„Оваа торта е толку добра што е главната причина што се омажив“, се пошегува Дана на Тикток.
Том Круз во една прилика раскажал дека испраќа божиќен колач на широк список на познаници за празниците, па ја открил и малку чудната причина за тоа.
„Обожавам слатко, но го избегнувам поради тренинзите и подготовките што ги поминувам за филмови. Затоа им ги испраќам на сите“, рекол тој.
Меѓу оние на кои Том Круз им го испраќа овој посебен подарок се познати имиња како Кирстен Данст, Том Хенкс, Џејмс Корден и Хенри Кавил, а интересно е тоа што Круз почнал да ја практикува оваа традиција поради многу лична причина.