Крушевчанец загинал откако во него удрил воз утрово во близина на железничката станица–Прилеп, соопшти МВР.
Судирот се случил на железнички премин на улиците Трајко Николоски со Леце Котески во Прилеп, во близина на железничката станица. Судирот бил пријавен во полиција утровооколу 4 часот во СВР Битола.
Патничкиот воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје и удрил во патничко моторно возило „поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(76) од Крушево, кој починал на самото место.
Доктор од итна медицинска помош констатирал смрт.
Увид на местото на настанот извршиле jавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Прилеп.