More

    Крстарење со 3.000 патници во карантин: Страв од опасна заразна болест – сината смрт

    spot_img

    Повеќе од 3.000 луѓе се на брод во близина на островот Маурициус во Источна Африка и немаат пристап до копно поради инфекцијата што ја шири бродот за крстарење.

    Пристаништето во главниот град на Маурициус, Порт Луис, е второто кое не му дозволило на американскиот брод за крстарење Норвешка зора да се закотви откако на неколку патници им се слошило и се пожалиле на гастроинтестинални проблеми. Пред тоа биле одбиени од пристаништето на францускиот остров Ла Реунион, пренесува Дневник.

    Осомничена е колера, позната и како сина смрт, која моментално ја пустоши јужна Африка.

    „Одлуката да не се дозволи пристап до бродот е донесена за да се избегнат здравствени ризици“, објави локалната пристанишна управа по забраната за приклучување на бродот за крстарење во неделата.

    Најмалку 14 патници и членови на екипажот имаат дијареа и повраќање. Тие беа изолирани во своите соби, а здравствените работници од локалното Министерство за здравство им земаа мостри и ги испратија на анализа, а резултатите се очекуваат во вторник.

    Компанијата сопственик на бродот објави дека мал број патници се пожалиле на симптоми и интервенирале локалните здравствени власти, додека нивото на хигиена на бродот е подигнато и преземени мерки за заштита на другите гости и персонал.

    Бродот тргна на 13 февруари од Јужноафриканската Република, го посети Мадагаскар и требаше да ги посети Ла Реунион и Маурициус – каде што требаше да се качат нови патници и да се вратат во појдовното пристаниште, пренесува Ројтерс.

    Што е колера?
    Колерата е акутна бактериска интестинална инфекција која се пренесува преку нечиста вода за пиење или храна.

    Болеста лесно се лекува со лекови, но ако не се лекува, може да доведе до откажување на бубрезите и смрт поради значително губење на течности.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img