„Македонија во портокалова фаза, температури над 40 степени“
„Високата температура од 40 степени ги вжешти линиите на итната медицинска помош“
„Скопските улици празни поради високите температури, на Итна помош најмногу повици за проблеми со крвниот притисок“
„Ова лето може да биде неподносливо жешко, но најтешкото допрва доаѓа“
Ова се само дел од насловите кои деновиве ги читаме и слушаме во македонските медиуми. Македонија, како и остатокот од јужна Европа, се зафатени од топлотен бран кој се најавува дека во некои земји ќе достигне дури и до 48 Целзиусови степени. Според прогнозите на домашните синоптичари, температурите во некои делови од државава ќе го надминат 40 степен, а топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови.
Во вакви исклучително жешки моменти, сите го бараме спасот во климатизирани простории, со внесување на што е можно повеќе течности и носење лесна и светла гардероба. Меѓутоа, во текот на денот имаме неодложни обврски поради кои сме приморани да излеземе на жешкиот асфалт и да се соочиме со екстремно високите температури.
Според научниците од Универзитетот во Мејн, 4 јули оваа година бил најтоплиот ден на Земјата од почетокот на водењето евиденција од пред повеќе од 40 години. Додека, пак, Европскиот центар за временски прогнози со среден опсег објави дека месецот јуни бил најтопол досега. Емисиите на фосилни горива ја загреваат планетата, а топлото време ги прави топлотните бранови сè поекстремни. Во годините што доаѓаат, научниците сметаат дека топлотните бранови ќе се влошуваат, па така, иако ова лето може да биде неподносливо жешко, веројатно, ќе биде едно од најладните во следните децении. Доколку не се преземе ништо посериозно околу справувањето со глобалното затоплување, температурите на светско ниво ќе продолжат да растат, а тоа во комбинација со масовната урбанизација, не ветува светла иднина за урбаното живеење во големите градови.
Токму затоа, крајно време е да ја сфатиме алармантноста на ситуацијата и да почнеме да преземаме нешто за нејзино ублажување и решавање. А, во дефицит на простор и моментално дадени услови, едно од решенијата е подигнување на кровни градини кои го намалуваат загревањето. Имено, според истражувањата, крововите на кои има поставено кровни градини се со 1-4 Целзиусови степени пониска температура, наспроти конвенционалните кровови.
Дополнително, кровните градини го подобруваат и квалитетот на воздух. Истражувачите проценуваат дека кровна градина со површина од 100 м² може да отстрани околу 40 килограми PM честички од воздухот за една година, а истовремено произведува кислород и го отстранува јаглерод диоксидот (CO2). Покрај тоа, во лето, градините на кровот можат да задржат до 80% од врнежите, а во зима до 40%. По искористувањето, водата се враќа во атмосферата преку транспирација и испарување. И не само тоа, зелените кровни површини, го намалуваат нивото на бука односно служат како звучен изолатор, ја намалуваат потрошувачка на енергија за греење и ладење во домот, а воедно ја зголемуваат и естетската вредност на објектот и даваат пријатен амбиент за оние кои престојуваат во нив.
Имајќи ги сите овие бенефити од кровните градини на ум, флора-мисионерите од Градинарскиот центар ФОЈА од Скопје, преку иновативност и внесување новитети во областа на хортикултурата успеаја да го подигнат поставувањето на зелени кровни површини на уште повисоко ниво, а на тој начин оправдувајќи си го својот слоган – „Градинарство на висина“.
Од неодамна, во хортикултурното уредување ФОЈА ги воведоа своите Sempervel инстант вегетативни модули, кои се наменети за брзо и лесно подигање на екстензивни и полу-интензивни кровни градини за приватни и јавни објекти.
Иновативноста на Sempervel модулите, која беше препознаена и поддржана од страна на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), е во тоа што ги обединува во еден единствен процес сите три претходни фази на изведување на кровните градини, кои досега се практикувале одвоено. На тој начин, овие модули ги намалуваат средствата, времето и ресурсите за 30%.
Sempervel модулот е едноставен за монтажа и лесен за одржување. Отпорен е на екстремно ниски и високи температури и е изработен од материјал кој е отпорен на механички притисок, а се одликува со голема еластичност. Функционира како дренажно-акумулационен елемент, кој во долните мембрани е исполнет со вулканска лава. Во погорните слоеви е исполнет со специјален супстрат и е со засадени неколку видови на зимзелени, нискорастежни, повеќегодишни растенија (перени-покривачи), кои не бараат голема грижа и издржуваат екстремни климатски влијанија.
Поради модерните и иновативни својства, Sempervel може да придонесе кон масовно, брзо и економично озеленување на нашите градови, на тој начин правејќи ја иднината на хортикултурното уредување и живеење, во чии благодати ќе уживаме сите. Лек за изгор летата во градот има, на нас останува да почнеме да преземеме нешто околу тоа!
Повеќе информации за Semeprvel модулот се достапни на https://foja.com.mk/sempervel/, на +389 2 2772 046 или преку е-mail: fojako@gmail.com