Крос: Верувам дека не е крај за мене на теренот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Soccer Football - Euro 2024 - Round of 16 - Germany v Denmark - Dortmund BVB Stadion, Dortmund, Germany - June 29, 2024 Germany's Toni Kroos REUTERS/Leon Kuegeler

Со влезот во четврт-финалето ја постигнавме минималната цел, главната цел е да го освоиме Европското првенство, изјави германскиот фудбалски репрезентативец Тони Крос пред натпреварот против Шпанија во петок од 18 часот.

Тој натпревар ќе се одигра во Штутгарт и заедно со натпреварот меѓу Франција и Португалија може да се нарече дерби-преглед на оваа фаза од ЕУРО. Домашната селекција Германија ќе игра против ривал кој според многумина оставил најдобар впечаток на шампионатот досега.

„Ќе повторам уште еднаш, ова лето ги играм последните натпревари на фудбалските терени. Но, верувам дека овој петок нема да се случи крајот. Како и сите во репрезентацијата, верувам во победа против силната Шпанија. Нашата желба е голема. Гледаме исклучиво кон самиот крај, кон конечниот триумф. Мислам дека сме способни за тоа, без разлика кој ќе ни биде на патот“, потенцира Крос, кој во кариерата за германската репрезентација одигра 113 натпревари и постигна 17 гола.

Германија во осминафиналето ја совлада Данска со 2-0, додека во групата беше подобра од Шкотска со 5-1 и Унгарија со 2-0, додека единствениот меч без победа и беше ремито од 1-1 против Швајцарија.

Share This Article