Крмов од Левица го обвинува Џафери за груб фалсификат

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нашето однесување во Собранието беше реакција на нивното шверцерско носење на Деловник и неуставно фрлање на нашите 2.400 амандмани во корпа. Џафери направи груб фалсификат и тоа е резултат на неказнивост, изјави пратеникот Борислав Крмов од Левица во гостување на ТВ Стар.

– И ДПМНЕ и СДС до сега правеа Влада со ДУИ и за фунционерите на ДУИ важи принцип на неказнивост. Што и да направи Џафери нема да одговара. Го видовме пред некое време како ги пцуеше и вработените на најгруб начин и не се одржа ни Комисија за да се разгледа тоа. Џафери немаше никаков правен основ да ги фрли амандманите. Не ми дава мене право Џафери да поднесувам амандани. Народот кој гласа и Уставот ми даваат право да поднесувам амандмани.

Јас тука ќе кажам дека на Комисијата, каде се гласаа нашите амандмани за враќање на филибастерингот, Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ најбурно реагираше и неговите пратеници не ги гласаа амандманите на Левица. По наша проценка Џафери ова го направи под директен притисок на ДПМНЕ. Полесно ќе му беше на Џафери сето ова да го заврши на Комисија, каде нема никакви новинари. Кога видоа ДПМНЕ дека ние го враќаме филибастерот, тие се убедени дека ќе бидат новата власт и тие не сакаат главоболка. Сакаат буквално диктатура и Собранието да носи закони на брза лента.

Во моментов СДС и ДУИ ѝ се додворуваат на ДПМНЕ и тоа почна од измените на Кривичниот законик, со кои се амнестираа функционери на ДПМНЕ. Овие партии се веќе подолг период во коалиција. Дури и после лидерските средби, Мицкоски прифати влез на Бугарите во Уставот со некакво одложено дејство. ДПМНЕ веќе го кажа тоа.

ДПМНЕ сега глумат патриоти и нема сега да ги стават Бугарите во Уставот, ама апсолутно ќе ги стават после избори. Народот треба да знае дека ДПМНЕ тоа што го направи со Деловникот е генерална проба за како ќе се внесат Бугарите во уставот. Сите три заедно – ДПМНЕ, СДС и ДУИ, милум или силум – рече Крмов.

Share This Article