Кривичниот случај во Русија против водачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин за бунт останува отворен, а истрагата сѐ уште е во тек

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кривичниот случај во Русија против водачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин за бунт останува отворен, а истрагата сѐ уште е во тек, објавија во понеделникот весникот „Комерсант“ и трите големи руски новински агенции, цитирајќи неидентификувани извори.

Според изворите на весникот, немало доволно време да се сопре постапката. Трите главни руски новински агенции, ТАСС, РИА и Интерфакс, исто така објавија дека случајот против Пригожин останува отворен и дека истрагата продолжува.

Според руските закони, затворската казна за вакво кривично дело е од 12 до 20 години.

Го барал Путин, но Путин не сакал да зборува

Според рускиот независен портал Медуза, но и американскиот Институт за истражување на војната ИСВ, Пригожин се обидел да стапи во контакт со администрацијата на рускиот претседател во саботата околу пладне, но Путин одбил каков било контакт со одметникот моќник.

Сепак, шефот на Вагнер очигледно се налутил кога сфатил дека не ја добил поддршката што ја очекувал и многу брзо започнал преговори со Лукашенко, Ваин и со Гризлов.

Пригожин, исто така, испаничил поради фактот дека неговите војници убиле пилоти и воздухопловци на руската војска и се плашел дека Путин ќе го смета за одговорен за тој чин.

Внимавај пред отворени прозорци

Поранешниот дирктор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) генерал Дејвид Петреус го предупреди Евгениј Пригожин „да биде многу внимателен пред отворени прозорци“.

Многу челници на Западот го коментираа неуспешниот бунт на Пригожин во саботата.

Генерал Петреус во изјавата за Си-ен-ен алудира на одреден број Руси кои загинаа под неразјаснети околности, вклучително и откако паднале од прозорците, откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

- Advertisement -
Ad image

Чудовиштето работи против својот творец

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека неодамнешните настани во Русија покажуваат огромни пукнатини во политичката сфера на Русија,

Жозеп Борел, високиот претставник за надворешни работи на ЕУ на состанок на министрите на земјите-членки рече дека нестабилноста во нуклеарна Русија не добра работа.

– Чудовиштето работи против својот творец, политичкиот систем покажува кревкост, а воената моќ пука – изјави Борел.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article