More

    Кривични за предизвикување пожар за петмина од Битолско

    spot_img

    СВР Битола поднесе пет кривични пријави до Основното јавно обвинителство Битола за предизвикување на пожар за четири физички и едно правно лице. Најстарото лице кое се осомничи дека предизвикал пожар е седумдесетгодишник од Битола за кого од МВР велат дека во атарот на селото Братиндол во битолскиот регион, на 29 јули годинава запалил оган во нива со цел да уништи инсекти, но поради силниот ветер, пожарот се проширил и во соседните ниви по што интервенирала Територијалната противпожарна единица Битола.

    „Поднесена е кривична пријава поради основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво во чл.288 ст.1 од КЗ. Поднесена е кривична пријава против Т.И.(27) од с.Кременица,битолско, заради постоење на основи на сомнение дека тој на 04.09.2024 запалил стрниште во атарот на село Кременица, битолско и со тоа сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво во чл.288 ст.1 од КЗ“,се вели во соопштението на МВР.

    Кривични пријави добија и Р.Р (58) со привремен престој во Битола кој се сомничи дека запалил плевна на четврти август во селото Црнеец, како и 46-годишник од Битола кој на истиот ден во селото Лопатица на место викано „Белан атар“ запалил скара во близината на неговото лозје и истата ја оставил неизгасена, со што предизвикал пожар. Кривична доби и правно лице од Битолско.

    „Поднесена е кривична пријава против правно лице по чл. 288 ст.5 бидејќи на 03.08.2024 околу 17.55 часот во с. Стрежево, битолско, од искрење на жиците кои биле паднати од бандера во сопственост на пријавеното правно лице, предизвикан е пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја“, велат од МВР.

    Летово низ земјава беснееја рекорден број на пожари кои уништија голема површина на зеленило.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img