More

    Кривични пријави против осум пиромани

    spot_img

    Полиција поднесе кривични пријави против осум лица кои летово предизвикале пожари на различни локации. Пријавите се поднесени до основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево, за кривичното дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, според кој е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години.

    Кривичните дела се сторени во периодот од 15 јуни до 23 септември. Во два случаи осомничените намерно ги потпалиле пожарите, а во останатите пожарите настанале со невнимателно и неодговорно однесување.

    „СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Г.А.(75) од Битола затоа што на 17.8.2024 година запалил оган во просторот помеѓу дворот и градината до неговата куќа во селото Облаково, битолско, со намера да го изгори сметот, со што предизвикал пожар. СВР Битола поднесе кривична пријава и против Л.М.(53) од Битола затоа што на 10.8.2024 година, додека заварувал со апарат за заварување и сечел со брусалка, не го обезбедил местото и од искра предизвикал пожар на сува трева на гробиштата во селото Кременица, битолско“, соопшти полицијата.

    Крушевската полиција до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ш.(56) од селото Пуста Река, крушевско, затоа што во дворот истурила пепелник од шпорет со жар, при што настанал пожар на сува трева, кој зафатил и плевна и борова шума над селото Пуста Река.

    И прилепската полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Прилеп против Г.К.(54) од селото Штавица, прилепско, затоа што на 5.8.2024 година запалил сува трева во својот имот, а огнот се проширил и зафатил сува трева во соседните парцели.

    Полицијата од Македонски Брод, пак, на лице место го фатила пиртоманот против кој е поднесена кривична пријава во ОЈО Кичево. Пиромани фатила и ресенската полиција.

    „Поднесена е кривична пријава против Т.Д.(57) од Прилеп затоа што на 5.8.2024 година бил затекнат на место каде настанал пожар и кај него биле пронајдени предмети со кои го предизвикал пожарот. ОВР Ресен до ОЈО Ресен поднесе кривична пријава против А.М.(43), М.П.(40) од Ресен и Ф.А.(52) од село Алданци, крушевско, затоа што 16.8.2024 година А.М. поттикнат од второ и трето осомничениот, со шише бензин подметнал пожар кај помошната просторија кај местото викано Старски дом, каде што живеат повеќе семејства“, соопшти полицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img