More

    Кривична за лице вработено во АРМ за „примање поткуп“

    spot_img

    Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) денеска (24.06.2023) до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Џ.(46) од Тетово, за сторено кривично дело „примање поткуп“, предвидено и казниво по чл.357 од Кривичниот законик. Имено, вработена како професионален војник во Министерство за одбрана, против која на 19.05.2023 веќе е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „примање поткуп“, по претходен договор за извршување на делото со пријавениот А.Џ., службено лице вработено во Министерство за одбрана – касарна Тетово, од друг вработен во Министерство за одбрана побарала парична награда во износ од 3000 евра, кои требала да му ги предаде на А.Џ.. Паричната награда требало да му помогне на оштетениот да биде избран на конкурс за офицери објавен од страна на Министерството за одбрана, а А.Џ. да изврши службено дејствие што не смее да го изврши. Со вака превземените дејствија пријавниот А.Џ. сторил кривично дело „примање поткуп“, предвидено и казниво по чл.357 од Кривичниот законик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img