Кривична против правно и против физичко лице, го прекршиле Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во с.Кравари, битолско и против Д.А.(38) од Битола, управител во правното лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело казниво по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. 

На 30.03.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, извршиле претрес во правното лице во с.Кравари, при што биле констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис. СВР Битола, исто така, поднесе кривична пријава и против А.Б.(51) од Република Албанија, со привремен престој во Битола, А.Ј.(26) од Битола и А.Ј.(58) од Битола, првопријавениот сопственик, а другите двајца вработени во истата фабрика за производство на масло од канабис, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик. 

На 30.03.2023 тројцата организирале и изнеле две вреќи со 4 килограми марихуана од фабриката. Имено, А.Б. ја изнел дрогата, а А.Ј. и А.Ј. ја преземале и ставиле во патничко возило, но набргу биле запрени и приведени од полициски службеници. Во врска со случајот, судија на претходна постапка на А.Ј.(26) му одредил мерка притвор од 30 дена.

Share This Article