More

    Кривична пријава за тетовски нотар

    spot_img

    СВР Тетово поднесе кривична пријава против 62-годишниот З.Ч. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на лични податоци“ и против 52-годишниот Ш.А. од Тетово поради постоење основи на сомнение за „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „давање лажен исказ“, соопшти МВР.

    Првопријавениот, на 28.10.2022, во својство на нотар, постапил несовесно при вршење на службата на начин што со злоупотреба на личните податоци на лице од Тетово овозможил во нотарската книга во графата за потписи да се потпише друго лице во нејзино име. Додека, второпријавениот злоупотребил лични податоци на оштетената и без нејзина согласност, во соработка со првопријавениот направиле фалсификувано полномошно во негова корист, по што дал лажен исказ и потпишал изјава заверена на нотар со што успеал недвижен имот од околу 30.000 м2 без знаење и согласност на оштетеното лице да го префрли на лице од Косово со спогодба за реализирање со посредник. Со ваквите дејствија предизвикана е материјална штета на лицето од Тетово од околу 150.000 евра“, соопшти МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img