Кривична пријава против насилник од Битола, определен и притвор

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.Ј.(37) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. На 30.09.2023, во угостителски објект во комплекс „Нов пазар” во Битола, пријавениот физички го нападнал И.В.(38) од Битола, при што употребил дрвен предмет.
По преземени мерки, полициски службеници го пронашле и привеле пријавениот. Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.

Share This Article