Кривична пријава против две лица за „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(46) и З.З.(56), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“, казниви по чл.149 и по чл.249 од Кривичниот законик. Имено, првопријавениот А.Б. на 20.08.2021 побарал лична карта и здравствена легитимација од оштетениот М.Б., со изговор дека му требаат за земање лекови и, по претходен договор, ги дал на второпријавениот З.З., кој бил надворешен соработник во финансиско друштво од Скопје, со цел добивање на брз кредит од финансиското друштво, при што второпријавениот З.З. поднел апликација и добил кредит на име на оштетениот М.Б., без негово знаење и согласност.

Share This Article