Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од се што е македонско и прифатија Цар Самоил да е бугарски цар, а Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум Охридски твореле во бугарска држава – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено, според препораките (на мешовитата историска комисија) Цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски наместо македонски ќе се чествуваат како заеднички историски личности со Бугарија. Препораките на комисијата се да се менуваат учебниците по историја во Македонија.
Со ова Ковачевски и СДСМ свесно се откажува од македонската историја и македонскиот идентитет. СДСМ и Ковачевски секој ден вршат национално предавство на македонскиот народ и држава. Наместо да излегуваат на прес конференции и да даваат паушални изјави, и предавството да го претставуваат како победа, веднаш да се охрабрат и да прифатат референдум за народот да може да одлучи“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.