Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил не сакаше да ја коментира посетата на премиерот на Косово Албин Курти на Тетово.
Хил порача дека Белград и Приштина треба да ги решат сите прашања преку бриселскиот дијалог, иако конкретниот настан за кој му беше поставено прашањето од новинарите се случи во Македонија.
– Ќе ви препуштам на вашата фантазија што луѓето можат да мислат за настанот во Тетово или прашајте некој друг – го избегна одговорот Хил.