Садио Мане и неговите соиграчи од Ал Наср танцуваа со Португалецот по повод Националниот ден на Саудиска Арабија.
Португалскиот ас и еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо во традиционална арапска носија одиграа танц со мечеви.
Роналдо настапува за саудискиот тим Ал Наср, а управата на клубот објави видео по повод утрешниот национален празник, Националниот ден на Саудиска Арабија.
Сонуваме и постигнуваме заедно, под едно знаме“, гласи пораката придружна на видеото на Роналдо и неговите соиграчи како изведуваат традиционален танц во арапска носија.
Покрај Роналдо, во танцот учествуваа и сенегалскиот напаѓач Садио Мане и други играчи на тимот кои ја носат традиционалната арапска носија на бишт со покривка за глава наречена куфије.