More

    Кристијано Роналдо остана без тренер

    spot_img

    Руди Гарсија повеќе не е тренер на Ал Наср за кој настапува Кристијано Роналдо.

    На францускиот стручњак му пресуди ремито со Ал-Фајх (0:0), минатогодишниот освојувач на фудбалскиот куп на Саудиска Арабија и моментално 11-та екипа на Про лигата.

    Поранешниот тренер на Лил, Рома, Марсеј и Лион на клупата на Ал Наср пристигна во јуни минатата година, на 26 натпревари собра 18 победи, пет нерешени и два порази, а иако неговиот тим се уште е во игра за двата трофеи (шампионат , Куп ), претседателот на клубот Мусали Ал-Муамар реши да му се заблагодари.

    На седум натпревари до крајот на сезоната во саудискиот шампионат, Ал Наср е на второто место на табелата, со три бода помалку од лидерот Ал Итихад.

    Засега се уште не е познато кој ќе го води друштвото на Кристијано Роналдо на следниот натпревар против Ал-Хилал кој е закажан за 18 април од 21 часот, а можете да го погледнете на Спорт Клуб.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img