Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо би можел да му се приклучи на Фенербахче, тврди „Ајанспор“. Според турскиот медиум, 37-годишниот Португалец се договорил за личните услови со клубот од Истанбул и останува клубовите да се усогласат.
Забележано е дека неговиот сонародник, главниот тренер на Фенербахче, Хорхе Жесус, кој го убедил да се согласи на трансферот, лично комуницирал со напаѓачот.
Летниот преоден рок во Англија ќе се затвори вечерва на полноќ, додека во Турција ќе биде отворен до 8 септември.
Оваа сезона Роналдо учествуваше на четири натпревари за Јунајтед и немаше ефектни акции. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2023 година.