More

    Кристи Бринкли објави фотографии од болницата

    spot_img

    Американската манекенка Кристи Бринкли (70) откри дека и е дијагностициран рак на кожата. Таа ја сподели веста на Инстаграм и рече дека била подложена на операција откако лекарите откриле дека има „базоцелуларен карцином“.

    „Добрата вест е дека базоцелуларниот карцином е откриен навреме. И имав одлични лекари кои го отстранија и ме зашија до совршенство, како високата мода на „Диор““, напиша манекенката во својата објава.

    Кристи додаде и дека добрата вест за сите други е што може да се избегне со користење на крем за заштита од сонце. Исто така, таа ги советуваше следбениците редовно да одат на прегледи на телото.

    – Имав среќа што го пронајдоа бидејќи бев да придружувам една од моите ќерки на нејзините тестови и прегледи – додаде манекенката.

    – Лекарот ја гледаше секоја пега преку лупа. Тоа не беше мој термин, па не сакав ништо да зборувам, но на самиот крај го прашав дали може да ја погледне малата точка што можев да ја чувствувам на допир кога ја нанесувам мојата пудра. Ја погледна и веднаш знаеше дека треба да одам на биопсија. Биопсијата ми ја направи таму и веднаш – раскажала Кристи.

    Манекенката сподели и неколку фотографии направени по зафатот.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img