More

    Криси Тајген е бремена со трето дете

    spot_img

    „Во последните неколку години, емоциите во нашите животи беа, во најмала рака, замаглени. Но радоста повторно го исполни нашиот дом и срцата. Милијарда инјекции подоцна, од кои бројни во последно време беа во ногата како што можете и да видите, имаме уште едно бебе на пат“, откри манекенката Криси Тајген (36), сопруга на музичарот Џон Леџенд (43).

    Ситуацијата за славните сопружници секако не била лесна бидејќи пред две години изгубија дете.

    – Секој преглед си велев ‘добро, и денес ми рекоа дека е здраво, ќе го споделам тоа со сите’, но потоа го слушнав отчукувањата на срцето и сфатив дека се уште сум премногу нервозна – продолжила Криси.

    – Мислам дека никогаш нема да излезам од преглед повеќе возбудена отколку загрижена, но засега се е совршено. Се чувствувам прекрасно и да, беше многу тешко ова да се чува во тајност толку долго – заклучила таа.

    Манекенката на Инстаграм сподели и серија фотографии од трудничкиот стомак. Таа се сликаше во гаќички од огледало, а бројни обожаватели и познати колеги и честитаа и и посакаа среќа.

    Криси неодамна на социјалните мрежи откри дека таа и нејзиниот сопруг се обидуваат повторно да го прошират своето семејство.

    За да остане во бремена, таа мораше да се подложи на медицински потпомогнато оплодување. Криси на својот инстаграм-профил потоа објави фотографија од лековите кои се инјектираат за време на процедурата за ин витро оплодување.

    Да потсетиме, Криси и Леџенд имаат две деца, Луна и Мајлс, а нивниот син Џек требаше да го дочекаат во февруари 2021 година. Сепак, Тајген беше примена во медицински центар во Лос Анџелес во 20-та недела од бременоста поради крвавење кое траело повеќе од еден месец.

    Во октомври 2020 година, Криси го загуби своето бебе и ги сподели тажните вести и фотографии на социјалните мрежи.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img