Актерот Крис Еванс, кој пред неколку дена беше прогласен за најсекси маж на светот за 2022 година од страна на магазинот „Пипл“, е во среќна врска со португалската актерка Алба Баптиста.
Како што тврди извор за „Пипл“, парот е во врска повеќе од една година, а „работите меѓу нив се сериозни“. Набргу откако беше објавено дека се заедно, Крис и Алба беа фотографирани како се држат за раце додека се шетале низ Централ парк.
Алба зборува пет јазици и е ќерка на инженер и преведувачка. Во 2018 година, таа изврши хуманитарна работа во сиропиталиште во Камбоџа со фокус на образованието. Минатата година ја доби наградата Shooting Star на Берлинскиот филмски фестивал.
Оваа недела, Еванс беше прогласен за најсексапилен маж на светот за 2022 година.
– Мајка ми ќе биде толку среќна. Таа е горда на сѐ што правам, но ова е нешто со што навистина може да се пофали – коментирал Крис. Пред Крис Еванс таа титула ја освои Пол Руд.
Инаку, Крис Еванс требаше да ја земе титулата за најсекси маж пред две години, но луѓето од магазинот „Пипл“ сметаа дека е подобро да се почека една година откако актерот случајно објави слика од својот полов орган на интернет. Имено, во септември 2020 година, Еванс случајно прикачи голи фотографии додека се обидуваше да објави видео на Инстаграм.
Еванс брзо ја избриша фотографијата, но на крајот беше предоцна бидејќи снимките од екранот беа објавени на Твитер и фотографиите станаа вирални.
ФОТО: Инстаграм