More

    Кренар Лога во „битка“ со судијата Лазар Нанев

    spot_img

    До Судскиот совет доставив допис за отворање на постапката за утврдување на одговорност за работата на претседателот на Основен суд Кавадарци, судијата Лазар Нанев. Ја користам оваа прилика уште еднаш да го повикам Судскиот совет, како самостоен и независен орган чија основна функција е да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, веднаш да отвори постапка за утврдување на одговорност за судијата и претседател на Основниот суд Квадарци – изјави денеска министерот за правда Кренар Лога.

    Претходно Лога реши судијата и претседател на Совет за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, судијата Лазар Нанев да го разреши од функцијата член на Советот за ИКТ и со тоа од функцијата претседател на ова тело.

    Лога појасни дека постојат сериозни наводи дека е нарушен интегритетот на судијата Лазар Нанев и „евидентно постоење на состојба која сериозно загрижува и ја доведува во прашање правната сигурност на граѓаните“.

    – Поради сериозноста на наводите кои упатуваат на можни злоупотреби, кои воедно се поткрепени и со писмени наводи доставени од Вишото јавно обвинителство Скопје и до Министерството за правда, сè до утврдување на целосната фактичка состојба, донесов одлука судијата и претседател на Основниот суд Кавадарци да биде ослободен од должноста член на Советот за ИКТ, а со тоа и претседател на овој Совет. – рече Лога.

    Министерот рече дека до Судскиот совет во изминатиот период се доставени низа писмени дописи од Советот на јавните обвинители и од Вишото јавно обвинителство Скопје во врска со поднесоци од граѓани за работата на судијата Лазар Нанев, кој воедно е и претседател на Основниот суд Кавадарци.

    И покрај фактот што во доставените материјали се присутни сериозни наводи кои укажуваат на нарушен интегритет на судија, како и индиции за можни злоупотреби и евентуални влијанија, отсуствува постапувањето на Судскиот совет – изјави Лога.

    Заради воочени пропусти во работењето на ова тело, како и недостатоци во подзаконските акти со кои се регулира и начинот на неговото работење, Лога рече дека иницирал постапка за изготвување и донесување на нов Правилник за начинот и составот на Советот за ИКТ врз основа на која ќе определи и нов состав на ова тело.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img