More

    „Кремот на елитата“ му служел на Паф Деди како параван за трговија со луѓе

    spot_img

    Федералните агенти вчера упаднаа во домовите на Паф Деди во Мајами, Лос Анџелес и Њујорк. Музичкиот могул повеќепати беше обвинет за сексуално насилство, како и за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација. Во тужбата која е поднесена против него поради трговија со луѓе се споменува и принцот Хари.

    Продуцентот Родни „Лил Род“ Џонс, кој го тужи Паф Деди, тврди дека дружењето на раперот со принцот и други познати личности му дал на музичарот и неговите соработници условно речено „легитимитет“, односно, како што рекоа неговите адвокати, таквите контакти привлекувале гости на неговите забави организирани поради наводна трговија со луѓе. А раперот имал „пристап до познати личности како познати спортисти, политичари, уметници, музичари, меѓународни претставници како британското кралско семејство, односно принцот Хари“, откриваат судските документи доставени до судот во Њујорк, во тужбата од 30 милиони долари, пишува „Daily Mail“.

    Судските документи кои му биле предадени на судот минатиот месец не укажуваат на никаков прекршок од страна на принцот Хари.

    Иако Хари не се соочува со обвиненија, ова не е првпат членовите на династијата да се поврзуваат со скандали со трговија со луѓе и сексуално насилство. Неговиот вујко принцот Ендрју бил близок со Џефри Епштајн, педофил и предатор, кој почина во 2021 година во затворот во Њујорк.

    Овие детали поврзани со принцот Хари доаѓаат откако вчера вооружени федерални агенти упаднаа во домот на Паф Деди, кој се соочува со тужби од три жени за сексуално злоставување.
    Шон Комбс, познат како Паф Деди, кој поради тешките обвинувања и вчерашната потрага го нарекуваат Џефри Епштајн од рап индустријата на мрежата Х, вчера се појави во Мајами, неколку часа по претресот на неговите недвижнини во Лос Анџелес, Мајами и Њујорк. Неговиот приватен авион е лоциран на Карибите, поточно Антигва и Барбуда.

    Врските со ѕвездите му помогнале на Диди да изгради репутација дека ги организира „најдобрите забави“, тврдат документите.

    Принцот Вилијам и принцот Хари го запознале раперот заедно со Канје Вест на забавата по концертот што ја приредија принцовите за да им се заблагодарат на сите што учествуваа на „Концертот за Дајана“ на стадионот Вембли во 2007 година. Меѓутоа, принцот од Велс не е именуван во судските документи. Не е познато колку пати Хари се сретнал со раперот оттогаш и дали имало нови средби.

    Раперот води различни правни битки, вклучително и една против неименувана жена која тврдела дека тој и двајца пријатели сексуално ја нападнале кога имала 17 години. Четири жени го обвинија за сексуално насилство. Поранешната девојка на Диди, Кеси, ја повлече тужбата по спогодба чии детали не се познати.

    Музички продуцент кој вели дека работел на албумот „The Love Album: Off the Grid“ на Паф Деди во 2023 година, го обвини хип-хоп могулот за сексуално злоставување и вознемирување, трговија со секс и разни други облици на недолично однесување во тужбата поднесена на 26-ти февруари.

    Според Родни Џонс, раперот учествувал во завера со низа други обвинети во компанијата „RICO“, наводно основана за набавка и транспорт на дрога, огнено оружје и сексуални работници – од кои некои биле малолетни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img