Кремљ најави дека западните земји нема да го променат текот на војната во Украина со снабдување на Киев со тенкови, туку ќе ги влошат проблемите со кои се соочува украинскиот народ.
Западот е жртва на „драматична заблуда“ дека Украина може да ја победи Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој, како што јави Ројтерс, рече дека Москва гледа тенденција за драматична заблуда за можноста Украина да биде успешна на бојното поле.