More

    Кремљ се закани за изградбата на најголемата база на НАТО

    spot_img

    „НАТО е самоубиствена мисија“.

    Со овие три зборови Андреј Климов од Комитетот за надворешни работи на Советот на Руската Федерација реагираше на фактот дека во Романија се гради најголемата база на НАТО во Европа вредна 2,5 милијарди евра. Според него проектот е „закана за Букурешт“ и колку е поголема „антируската“ воена база и „поблиску до руските граници, толку е поголема веројатноста таа да биде меѓу првите цели за одмазднички напади“.

    – Ако тоа им се допаѓа на Романците, тоа е нивна работа, се разбира, но клубот за самоубиства на НАТО вклучува обични цивили во такви авантури кои можат да завршат многу лошо за нивните семејства и деца. Не се обидувам никого да исплашам, само расудувам логично. За Романија нема да има корист од тоа и ќе има повеќе закани, тоа е факт – рече Климов во дискусијата што ја пренесоа руските медиуми.

    Проширувањето на воздухопловната базата Михаил Когалничеану на брегот на Црното Море во Романија започна во 2019 година, а треба да заврши во 2039-та. Планирано е базат ада служи и за операции на Блискиот Исток.

    Во телевизискиот прилог на Еуроњуз за базата кој пред неколку дена се емитуваше во Романија се вели дека базата ќе ја надмине по големина онаа во Рамштајн во Германија и ќе може да прими повеќе од 10 илјади војници кои ќе можат да дојдат сосе нивните семејства.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img