Воена шенген зона меѓу членките на НАТО која ќе овозможи слободно движење на членовите на војската планира Алијансата. Ројтерс ја објави реакцијата на Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков му одговори на началникот на командата на логистика на НАТО, Александар Солфранк во врска со ова прашање. Претходно, Солфранк рече дека би сакал да види таква зона.
Овој „воен шенген“, според Солфранк, би се користел за однапред добро да се подготви“ потенцијалното „бојно поле“ во случај на евентуална примена на член 5 од Повелбата на НАТО за колективна одбрана. Според членот, кога една земја-членка е нападната, другите се обврзани да ѝ помогнат да се одбрани.
Песков на пресконференција реагираше:
– (НАТО) Алијансата отсекогаш ја сметаше нашата земја за таканаречен замислен непријател. Сега отворено ја смета нашата земја за очигледен противник. Оваа (изјава) не е ништо повеќе од подгревање на тензиите во Европа што ќе има последици – изјави портпаролот за новинарите.
Песков смета дека Европа не подготвена да ги слушне грижите на Русија кои се легитимни и дека Европа е спремна да ја зајакне сопствената безбедност на сметка на Русија.
– Тоа е она НАТО што постојано ја движи својата воена инфраструктура кон нашата граница. Не се движиме ние кон инфраструктурата на НАТО. НАТО се движи кон нас. И ова не може, а да не предизвика загриженост и не може, а да не доведе до одмазднички мерки за обезбедување на нашата сопствена безбедност – рече Песков.
Од крајот на Студената војна и распадот на Советскиот Сојуз, НАТО се прошири на околу 1.000 километри кон исток, „земајќи“ ги земјите од поранешниот Варшавски пакт, вклучувајќи ги Полска и балтичките земји.