По неколку недели преговори Европа му скрои „капа“ и на рускиот гас. Министрите за енергетика на членките на Европската унија се договорија за ограничувањата на цената на гасот, пренесува Ројтерс. Таа ќе изнесува 180 евра за мегават-час.
И покрај договорот, германското гасно лоби „Cukunft Gas“ денеска оцени дека обидите на ЕУ да ги ограничи големопродажните цени на бензинот се „политичка илузија“ која нема да функционира во пракса.
Унгарскиот министер Петер Сијарто претходно денеска изјави дека Будимпешта нема да мора да се консултира со ЕК доколку сака да го промени долгорочниот договор за гас со Русија доколку дојде до одлуката да се стави плафон на цената.
Реакции стигнаа и од Кремљ. Русија ќе одговори на обидите на Западот да постави плафон на цените на бензинот, изјави портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, јавува РИА.
– Овде принципите се исти. Ова е кршење на пазарниот процес на пазарни цени, влијаење врз него. Секое повикување на плафонот е неприфатливо. Ќе треба време внимателно да се измерат добрите и лошите страни. Малку по малку, постапката за гасот се одолговлекува – рече тој.
Според Песков, реакцијата на Русија на одлуките за гас ќе биде слична на постапките на Москва за прашањето за нафтата.
Привремениот механизам за корекција на пазарот со ограничување на цената на гасот ќе стапи на сила на 15 февруари. Новиот механизам ќе влијае на сите виртуелни платформи за тргување со гас во ЕУ, но плафонот на цената на гасот нема да влијае на трансакциите преку шалтер каде што учесниците директно тргуваат.
Претходно, земјите од Г7 ја ограничија цената на руската нафта на 60 долари за барел.