Рускиот претседател Владимир Путин не зборувал, ниту има намера да стапи во контакт со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој во саботата беше ранет на предизборен митинг во Пенсилванија, соопшти Кремљ.
На прашањето дали ќе се зајакне безбедноста на Владимир Путин, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори дека рускиот претседател веќе има соодветно ниво на заштита и дека се преземаат сите неопходни мерки, пренесува Ројтерс.
Кремљ во неделата соопшти дека Русија не верува оти владата на американскиот претседател Џозеф Бајден е одговорна за нападот врз Доналд Трамп, но го обвини Вашингтон дека ја создал атмосферата што довела до атентатот.