More

    Кремљ пушти ракети во Киев бидејќи Украина ја нападна руската фабрика

    spot_img

    Москва соопшти дека денешниот напад врз Киев е одговор на украинскиот напад врз хемиска фабрика во јужна Русија, во кои биле користени ракети од западно производство.

    Руското Министерство за одбрана соопшти дека цел биле објектите на воената индустрија и безбедносните служби, соопшти Дејли сабах.

    „Како одговор на акциите на режимот во Киев, денеска беше извршен комбиниран напад со прецизно оружје со долг дострел“, соопшти Москва.

    Украинските власти тврдат дека едно лице загинало во нападот и дека се оштетени неколку официјални згради, пренесува „Ројтерс“.

    Беше објавено дека Русите користеле 8 ракети, вклучувајќи и хиперсонични ракети „Кинжал“ и балистички ракети „Искандер“.

    Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека 7 лица се повредени, а четворица се пренесени во болница.

    Македонското МНР го осуди нападот во кој била оштетена зградата на македонската амбасада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img