More

    Кремљ помилува осуденик за убиството на новинарката Ана Политковскаја

    spot_img

    Еден од обвинетите за убиството на руската новинарка Ана Политковскаја е помилуван откако служел во руската армија на фронтот во војната со Украина, јави ДПА, повикувајќи се на извештаи на локалните медиуми.

    Помилувањето на поранешниот полицаец, кој во 2014 година беше осуден на 20 години затвор, за порталот РБЦ го потврди неговиот адвокат.

    Руска новинска агенција посочува дека станува збор за поранешниот иследник од одделот за борба против организираниот криминал Сергеј Хаџикурбанов, кој е од севернокавкаската руска република Чеченија.

    – Според моите информации, Хаџикурбанов потпишал договор со Министерството за одбрана и потоа бил помилуван – изјави адвокатот Алексеј Михалчик.

    Според него, по истекот на првиот договор, кој според ДПА бил на шест месеци, поранешниот затвореник останал на служба во вооружените сили на Русија. Моментално е на нов договор и има лидерска позиција во борбена единица.

    Политковскаја беше убиена пред нејзиниот стан во Москва на 7 октомври 2006 година. Руска новинска агенција потсетува дека според заклучокот на судот, Чеченецот Лом-Али Гајтукаев добил наредба да го изврши убиството и формирал криминална група.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img