Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги демантираше информациите дека претседателот Владимир Путин е болен и се насмеа на постојаните гласини дека двојници на рускиот претседател го покриваат во јавните настапи.
-Сè е во ред со него, ова е апсолутно уште една лажна вест – рече Песков запрашан за извештајот без извор објавен на Телеграм, дека претседателот на Русија имал сериозни здравствени проблеми во неделата навечер.
Песков се насмеа како одговор на дополнителното прашање за двојниците и негираше дека Путин имал такви.
-Ова спаѓа во категоријата апсурдни информативни измами, за која низа медиуми расправаат со завидна упорност. Тоа предизвикува само насмевка – рече Песков.
Путин, џудо ентузијаст кој долго време негува имиџ на „човек од акција“, на 7 октомври наполни 71 година. Тој одржува интензивен распоред на состаноци и јавни настапи, од кои многу се телевизиски.
Неговиот неодамнешен распоред вклучуваше посета на Кина минатата недела, со застанувања во два руски града на враќање. Во интервју во 2020 година, Путин ги негираше долгогодишните гласини дека користи двојник, иако рече дека му била понудена можност да го има во минатото од безбедносни причини.