Кремљ не прифаќа замрзнување на конфликтот во Украина ни под разно

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Обидите на одредени земји од НАТО да ги олеснат украинските напади длабоко на руска територија, со обезбедување ракети со долг дострел, нема да останат неказнети, предупреди денеска директорот на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација, Сергеј Наришкин.

Тој посочи дека проширувањето на листата на причини за руската употреба на нуклеарно оружје практично гарантира дека Русија не може да биде поразена на бојното поле.

– Нашите непријатели се принудени да признаат дека решеноста на рускиот претседател цврсто да ги брани фундаменталните интереси на земјата, со сите расположливи средства, го стеснува просторот за маневрирање на Вашингтон и на Брисел – изјави Наришкин во интервју за руското списание „Национална одбрана“.

Ажурираната доктрина предвидува дека основата за нуклеарен напад може да биде агресија врз Русија и врз нејзините сојузници од која било ненуклеарна држава со поддршка на нуклеарна држава, како и масовен воздушен напад со ненуклеарни средства, особено беспилотни летала.

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека ќе се направат измени во документот уште во септември оваа година кога Западот првпат почна да ја разгледува можноста за удар длабоко во Русија.

Руското Министерство за одбрана во вторникот објави дека украинските вооружени сили претходната ноќ извршиле напад со 6 балистички ракети ATAКМС во областа Брјанск.

Светските медиуми во неделата објавија дека САД ја овластиле Украина да користи крстаречки ракети со долг дострел ATAКМС за напади длабоко на руска територија.

Од друга страна, Русија не планира да го замрзне конфликтот во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека замрзнувањето на конфликтот во Украина не е опција за Русија и додаде дека е важно Москва да ги постигне своите цели во конфликтот.

- Advertisement -
Ad image

– Претседателот (на Русија) Владимир Путин јасно кажа дека опцијата за замрзнување на конфликтот не е прифатлива за нас. За нас е важно да ги постигнеме нашите цели, кои им се добро познати на сите – рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање за можни преговори за границата меѓу Русија и Украина.

Песков одговараше на извештаите дека Русија може да размисли за замрзнување на конфликтот или за повлекување од територијата во регионот Харков во Украина.

Share This Article