Преговорите меѓу Русија и Украина во моментов се невозможни бидејќи украинската страна ги отфрла, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Навистина, преговорите во моментов не се можни бидејќи украинската страна ги отфрла. Специјалната воена операција продолжува“, рече Дмитриј Песков.
Песков се осврна и на изјавата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој рече дека е невозможно да се водат мировни преговори.
Песков додаде дека за преговорите е потребна „политичка волја и подготвеност да се разговара за руските барања, кои се добро познати“.