Кремљ: Можно е саботажа да е причина за оштетување на Северен тек

Saso
By Saso 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кремљ во вторникот објави дека не ја исклучува можноста штетата на гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото море да е предизвикана од саботажа, додека Европската комисија вели дека е прерано да се шпекулира за причината за истекувањето на гас во два гасоводи кои се наменети за испорака на гас од Русија до Европа.

„Северен тек АГ“, операторот на гасоводот, претходно во вторникот објави дека три морски линии „Северен тек“ претрпеле „невидена“ штета за еден ден.

„Ниту една опција не може да се исклучи“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето за можноста за саботажа.

Тој додаде дека Кремљ е многу загрижен за оваа ситуација, која бара брза истрага, бидејќи таа претставува проблем за енергетската безбедност на „целиот континент“.

Европската комисија внимателно го следи развојот на настаните и засега не гледа никакво влијание врз безбедноста на снабдувањето на Европа, изјави портпаролот на Комисијата.

„Во оваа фаза, многу е прерано да се шпекулира кои се причините… Земјите-членки го разгледуваат ова прашање, ние ќе останеме во близок контакт со нив, но ова навистина не е време за шпекулации“, рече тој на редовна прес-конференција.

Шведската поморска управа во вторникот предупреди на две истекувања на рускиот гасовод Северен тек 1 во шведските и данските води, набргу откако беше откриено истекување и на гасоводот Северен тек 2.

„Има две протекувања на Северен тек 1 – едно во шведската и едно во данската економска зона. Тие се многу блиски еден до друг“, изјави портпаролот на Шведската поморска управа (SMA).

Истекувањето било лоцирано североисточно од данскиот остров Борнхолм, изјави портпаролот, додавајќи дека не ја знае причината.

- Advertisement -
Ad image

Во понеделникот данските власти побараа од бродовите да се држат надвор од радиус од пет наутички милји југоисточно од Борнхолм по истекување на гас од неактивниот гасовод Северен тек 2.

Притисокот во гасоводот „Северен тек 2“, кој требаше да ги удвои испораките на руски гас за Германија, нагло се намали во текот на ноќта од недела до понеделник од 105 на седум бари, изјави во понеделникот портпаролот на операторот.

Гасоводот Северен тек 2 требаше да испорача руски гас преку Балтичкото Море до Германија и беше завршен на крајот на минатата година. САД се спротивставија на тоа, тврдејќи дека тоа ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот гас. Истата беше критикувана и од Украина, жалејќи се дека ќе изгуби приход од транзитот на рускиот гас.

- Advertisement -
Ad image

Германија го стави на мраз поради руската инвазија на Украина и се обидува да најде нови извори за снабдување со гас. Во времето кога германскиот канцелар Олаф Шолц го блокираше поради руската инвазија на Украина, во гасоводот се чекаше испорака на 300 милиони кубни метри гас, наведува Ројтерс.

Балтичкиот гасовод, нов подморски гасовод што испорачува норвешки гас во Полска со годишен капацитет од 10 милијарди кубни метри дневно, треба да биде отворен во вторник.

Share This Article