Кремљ ќе одговори со нуклеарен напад?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинските сили го одбележаа 1.000-от ден од војната во Украина, со изведување на првиот напад на руска територија со американските ракети со долг дострел, соопштија утрово украинските воени претставници, објави РБЦ Украина.

Голема експлозија го осветли ноќеска небото на околу 124 километри од најблиската украинска граница, во складиште за муниција во Карачев, во рускиот Брјански регион.

Очевидци и руски воени блогери објавија дека складиштето било погодено со проектили, а украинските воени претставници подоцна потврдија дека нападот бил извршен со ракетите АТАКМС.

Раководителот на Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андриј Коваленко, објави дека станува збор за напад на артилериската муниција, вклучително и на севернокорејски гранати. Покрај тоа, воениот објект содржел воздушни бомби, противвоздушни ракети и муниција за повеќекратни ракетни системи за лансирање (MLRS).

Овој воен објект веќе бил мета и претходно. Во октомври, украински беспилотни летала ја погодија оваа локација. Генералштабот на вооружените сили на Украина изјави дека таквите удари му создаваат логистички проблеми на непријателот и го намалуваат неговиот офанзивен потенцијал.

Денеска Генералштабот известил и за штрајк на објект кај Карачев, но не го прецизирал оружјето што е употребено, а во официјалното соопштение не се појави ниту споменување на АТАКМС. По ударот, во складиштето за муниција биле забележани 12 секундарни експлозии и детонации.

„Уништувањето на складиштата со муниција за руската окупаторска армија за да се стави крај на руската вооружена агресија против Украина ќе продолжи“, коментираат од украинскиот Генералштаб.

Претходно, американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, ѝ даде зелено светло на Украина да користи западно оружје на руска територија.

Извештаите за нападот се појавија само неколку минути откако Кремљ се закани со „нуклеарен одговор“ доколку Украина нападне цели на руска територија користејќи западно оружје со долг дострел.

- Advertisement -
Ad image

– Руската Федерација го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија врз неа со конвенционално оружје – изјави утринава портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Неговата изјава дојде откако Владимир Путин ја одобри ажурираната нуклеарна доктрина која дозволува употреба на нуклеарно оружје доколку територијата на Русија е загрозена од ненуклеарна нација, поддржана од нуклеарна сила.

Според оваа доктрина, заканите, кои би го поттикнале руското раководство да размисли за нуклеарен напад, подразбираат и напади со конвенционални ракети, беспилотни летала или други авиони.

- Advertisement -
Ad image

Share This Article