Кремљ ќе бара писмен документ договорен од двете страни

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кремљ соопшти дека не е можно целосно да се изолира Русија, додека Западот продолжува да наметнува санкции против Москва, пренесуваат странските агенции.

– Не може да има целосен вакуум или изолација на Русија, тоа е технолошки невозможно во современиот свет. Светот е многу поголем од Европа. Порано или подоцна ќе треба да изградиме дијалог, без разлика дали некои во странство тоа го сакаат или не – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна телевизија.

Зборувајќи за можноста рускиот претседател Владимир Путин да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Песков рече дека тоа би било „хипотетички возможно“, но дека ќе бара писмен документ договорен од двете страни во мировните преговори со Киев.

За да се одржи средбата, Песков рече дека делегациите мора да подготват „конкретен документ“.

– Не збир на идеи, туку конкретен пишан документ – додаде тој.

Share This Article