Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одамна престана да биде можен соговорник со рускиот лидер Владимир Путин, бидејќи тој не ги исполнил договорите од Минск, туку се подготвувал за војна, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој се осврна на изјавата на Зеленски, кој во интервју за британската телевизија „Скај њуз“ рече дека „не е заинтересиран“ да се сретне и да преговара со Путин.
– Знаеме со какви ветувања дојде Зеленски на претседателската функција. Не ни е тешко да се потсетиме на нив и да ги потсетиме гласачите кои гласаа за него во Украина. Тој не го реши проблемот со Донбас, не ги спроведе договорите од Минск, згора на тоа, како што се испостави, тој немаше ни намера да ги исполни, туку се подготвуваше за војна. Затоа може да се каже дека тој одамна престана да биде можен соговорник на Путин – изјави портпаролот на Кремљ.
Москва постојано нагласуваше дека е подготвена за преговори, но Киев со закон ги забрани. Зеленски претходно на Г-20 најави дека нема да има нови договори од Минск.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков истакна дека ваквите зборови „апсолутно ја потврдуваат“ позицијата на Киев за неподготвеност за преговори.