More

    Кремљ бара разврска од Канада по одликувањето на Јарослав Хунка

    spot_img

    Канадските власти се обврзани или да го екстрадираат нацистот Јарослав Хунка (98) или самите да му судат, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, пишува московски Тајмс. Хунка беше одликуван во канадскиот парламент по што следеше оставка на спикерот и извинување од претседателот Џастин Трудо.

    Песков додаде дека Русија би сакала да види меѓународна реакција на аплаузот на канадскиот парламент, со кој пратениците и премиерот на таа земја, Џастин Трудо, заедно со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го поздравија стариот нацист, чие појавување ја вознемири јавноста.

    – Фактот што Зеленски му аплаудира на член на СС-дивизијата само уште еднаш ја потврдува нацистичката идеологија на Киев – додава тој.

    Според Кремљ, јасно оти се работи за нацист и дека поради тоа злосторствата што ги извршил за време на Втората светска војна немаат датум на истекување.

    Хунка бил член на Првата галициска дивизија. Таа била соработник на нацистите во 1943 година, кога Советскиот Сојуз добивал предност на Источниот фронт. Содржела околу 80.000 доброволци, главно Украинци, од регионот на Галиција, што ги опфаќа денешна југозападна Полска и западна Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img