Кредит Свис позајми 54 милијарди долари од Централната швајцарска банка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Швајцарската банка Кредит Свис соопшти дека за одржување на ликвидоста ќе позајми до 50 милијарди швајцарски франци (53,68 милијарди долари) од Швајцарската централна банка.

Одлуката доаѓа по вчерашнот пад на акциите на банката, откако нејзиниот главен инвеститор Саудиска национална банка изјави дека нема да може да обезбеди дополнителна помош.

Покрај тоа, банката нуди готовинска понуда во однос на десет високи надредени хартии од вредност деноминирани во американски долари за вкупен износ до 2,5 милијарди долари – како и посебна понуда за четири должнички хартии од вредност деноминирани во евра до вкупен износ од 500 милиони евра,

– Овие мерки покажуваат решителна акција за зајакнување на Кредит Свис додека ја продолжуваме нашата стратешка трансформација за да испорачаме вредност на нашите клиенти и другите засегнати страни – изјави главниот извршен директор на Кредит Свис , Улрих Кернер.

Проблемите во банкарскиот сектор се појавија минатата недела, кога во САД пропадна банката Силиконска долина, 16-та по големина банка во земјава, а два дена подоцна пропадна и  уште една банка.

Share This Article