Кражба на турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино“ била пријавена во полиција. Оваа информација денеска ја потврдија за МИА од СВР Велес
„На ден 13.07.2022 година во 12 часот, од страна на лицето Н.A е пријавено дека во кругот на АД ТЕЦ Неготино, има кражба на турбинско масло, кое било складирано во резервоар и тоа по нивно интерно мерење, недостасуваат 3.500 литри турбинско масло“, рекоа од СВР Велес.