More

    Красиков има чеченско потекло, а убил човек среде Берлин

    spot_img

    Рускиот затвореник Вадим Красиков за кој опозиционерот Алексеј Навални наводно требало да биде разменет еден ден пред да биде убиен е грузијски државјани со чеченско потекло, долги години работел во руската служба ФСБ, а моментално одлежува доживотен затвор во Германија.

    Името на Красиков се спомна неколку пати последните недели. Блиската соработничка на Навални, Марија Певчик, вели дека Путин во последен момент се премислил во врска со размената на затвореници.

    Красиков е во затвор уште од 2019 година кога германскиот суд одлучи дека е виновен за убиството на Зелимхан „Торнике“ Кангошбили во Берлин во 2019 година, а според судијата Олаф Арнолди, убиството било нарачано од службите, пишува Асоишејтед Прес.

    Еден месец пред убиството, рече Арнолди, руските власти му издале на Красиков лажен пасош под псевдонимот Вадим Соколов што го користел за да патува во Берлин, каде пукал во жртвата од зад грб со пиштол со вграден пригушувач во близина на берлинскиот парк „Клајнер Тиергартен“.

    Според Арнолди, сведоците го виделе осомничениот како остава велосипед и фрла пиштол и долга, темна перика во реката Спри во близина на паркот и ја известиле полицијата, која брзо го уапсила пред да може да се тргне со електричен скутер.

    Красиков и неговите правни застапници ја оспорија неговата вина за убиството, па дури и го доведуваа во прашање неговиот идентитет. Красиков на почетокот на судењето рече дека е погрешно идентификуван и дека е роден во Русија во 1970 година, а не во Казахстан во 1965 година, пишува Асошиејтед Прес.
    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги нарече „апсолутно неосновани“ обвинувањата за руска вмешаност во убиството во Берлин.

    Според порталот „Bellingcat“, Красиков е роден во 1965 година во денешен Казахстан, тогаш дел од Советскиот Сојуз. „Bellingcat“ тврди дека Красиков работел за ФСБ, службата за државна безбедност на Русија. Арнолди истакна дека Красиков бил женет двапати и бил татко на три деца.

    Арнолди додаде дека Красиков немал претходни пресуди, но официјалните записи покажуваат дека руските власти го барале за убиство на бизнисмен во Москва во 2013 година. Случајот беше отфрлен во 2015 година.

    Претходно овој месец, рускиот претседател Владимир Путин во интервју со поранешниот водител на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, имплицираше дека новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, приведен во Русија под обвинение за шпионажа, може да биде замена за Красиков.

    Во медиумите проструи веста и дека рускиот милионер Роман Абрамович помагал во преговорите.

    Приказната на Марија Певчик за размената на Навални и дваца Американците кои лежат во руските затвори за Красиков не можеше да биде потврдена, а Певчик не понуди докази во своето обраќање на Јутјуб.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img