Кралското семејство во полн состав на големото финале

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На финалето од најпрестижниот тениски турнир во светот, грен слем турнирот на Вимблдон, традиционално тука се и членовите на кралското семејство, кои му го  врачуваат пехарот на шампионот.

Пред неколку години тоа го направи Кејт Мидлтон, која последните четири пати му го додели трофејот на Новак Ѓоковиќ.

Принцезата од Велс е повторно во ложата на Вимблдон заедно со нејзиниот сопруг принцот Вилијам, како и нејзините деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Кејт Мидлтон повторно плени со својот беспрекорен изглед, овој пат во атрактивен зелен фустан.

Инаку, минатата година беше видена една интересна сцена, кога принцот Џорџ пред минатогодишното финале на Вимблдон пред камерите изјави дека ќе му даде поддршка на Ѓоковиќ против Кирјиос во финалето.

Исто така, Новак му се оддолжи после тоа, кога му дозволи да го држи пехарот,

Сега младото момче е повторно тука, а дали ќе продолжи традицијата Новак да му го дава пехарот по мечот при средбата со кралското семејство, што е традиција за шампионот на Вимблдон.

Во финалето на престижниот лондонски турнир играат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.

Share This Article