More

    Кралот му рекол на брат му отсега сам да се грижи за себеси

    spot_img

    Новиот крал на Велика Британија Чарлс III уште пред два дена го протера принцот Ендрју од Бакингемската палата велејќи му да се грижи сам за себеси, поради наводните гласини дека тој бил близок со Џефри Епштајн, американскиот финансиер кој беше центар на скандал со педофилија, пишува Њујорк Пост.

    – Секое присуство во палатата е официјално завршено. Кралот јасно стави до знаење. Тој повеќе не е работен член на семејството и сега е оставен сам да се снаоѓа – рекол изворот, додавајќи дека принцот Ендру ќе им се придружи на кралот и на другите членови на кралското семејство на божиќниот ручек во Сандригам, но нема да има можност да оди на семејна прошетка во црква со нив.

    Кралот Чарлс денеска го одржа својот божиќен говор.  Тој ја искористи својата прва божиќна порака за да размисли за кризата на трошоците за живот.Тој зборуваше за „големата вознемиреност и тешкотија“ за оние кои се борат да ги „платат сметките и да ги одржат своите семејства хранети и топли“.

    За време на говорот имаше слики од храна и помош за бездомниците, снимени од кралот во капелата Свети Џорџ, Виндзор. Тој ѝ оддаде почит на својата мајка кралицата Елизабета, која е погребана во капелата.

    Покојната кралица беше пионер на телевизиското кралско божиќно обраќање и го искористи она што требаше да стане нејзината последна порака минатата година за да зборува за „предавање на палката“ на следната генерација.

    Темите на говорот на кралот допреа некои од неговите причини и верувања – грижата за обесправените, важноста на јавните услуги и поддршката на мултиверскиот пристап кон религијата.

    Само „работните членови на кралското семејство“ се појавија на екранот во емитувањето на кралот, вклучително и кралицата, принцот и принцезата од Велс, грофот од Весекс и кралската принцеза, јавува Би-Би-Си.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img